Линкови за пристапност

Промени во американското здравство


Промени во американското здравство

Промени во американското здравство

Нови правила за поголема транспарентност во односите меѓу здравствените компании и лекарите.

Во САД се подготвуваат нови правила со кои фармацевтските и компаниите за медицински материјали ќе имаат обврска да дадт информации за исплатите на лекари и болници.

Правилото е дел од големиот пакет реформи на националниот систем за здравство, што со потписот на претседателот Барак Обама во 2010-та година, стана закон. Тој налага пациентите да имаат поголем увид во односите меѓу здравствените компании и лекарите, за да се избегне потенцијален конфликт на интереси.

Компаниите ќе треба да поднесуваат годишни сметки за парите што ги даваат на лекарите и болниците за консултантски услуги, патувања, научни проекти, говори, подароци и за храна.

Владата го предложи правилото во ноември, а јавноста има рок до вторник да достави забелешки. Компаниите би требало да започнат да се придржуваат до правилото во март 2013-та.

Владата на претседателот Обама вели дека финансиските врски сами по себе не значат дека станува збор за несоодветен однос, но критичарите додаваат дека врските со фармацевските компании може да влијаат на начинот на кој лекарите пружаат здравствена грижа.

Според правилото, компаниите ќе бидат казнети со по 10.000 долари доколку не обезбедат извештај за исплатите и по 100.000 за секој обид намерно да ги прикријат информациите.

XS
SM
MD
LG