Линкови за пристапност

Оружјето ги подели гласачите во САД


Правото на носење на оружје во САД е едно од прашањата за кое претседателските кандидатите имаат дијаметрално спротивно мислење.

Док, кој гласа во сојузната држава Пенсилванија не сака да каже дали Доналд Трамп ќе го има неговиот глас, но за него една работа е извесна:

„Нема да гласам за Хилари- тоа е сигурно,“ вели тој.

Во рурална Пенсилванија, сојузна држава која може да биде клучна за победникот на изборите, оружјето е дел од начинот на живот. Док вели дека следниот напад на Исламската држава може да се случи токму тука и затоа тој земал дозвола за носење на оружје.

Док додава дека Клинтон ќе го ограничи правото на носење на оружје:

„Отсекогаш постои стравот дека таа ќе ни го одземе оружјето.“

Обвинение кое Доналд Трамп го повтори неколку пати за време на кампањата:

„Хилари сака да го поништи, целосно да го поништи Вториот амандман.“

Но, Хилари Клинтон возврати:

„Ја разбирам и почитувам традицијата на носење оружје која е од времето на основањето на нашата нација. Но, јас исто така верувам дека треба да има разумна регулатива.“

Но тоа не е доволно за долгогодишниот демократ, Џон Ларкин, кој вели дека заради прашањето за оружјето решил да гласа за Трамп:

„Гласам за оружјето, иако јас немам оружје. Ако посакам да имам, треба да бидам во можност да го купам. Тие ќе го одземат тоа право.“

Сондра Дул, која по професија е фризерка за самоодбрана носи пиштол во нејзината чанта:

„На некој начин сите носиме. Тоа веќе е норма, и мислам дека е тажна ситуација.“

Сопственикот на оружје Лорен Хубер се обидува да ги убеди соседите во рурална Вирџинија дека контролата на оружјето и Хилари Клинтон одат заедно:

„Таа не се обидува да го одземе правото од Вториот амандман, таа се обидува да го намали бројот на смртните случаи, кои минатата година беа 33.000.“

Како се приближува денот на изборите, двете страни на дебатата не можат да бидат подалеку.

„Ќе можете да го задржите оружјето, уште ќе постои Вториот амандман, но ќе сториме нешто за да ги намалиме смртните случаи предизвикани од оружјето.“

Иако тие имаат сличен начин на живот, Док вели:

Ние го сакаме оружјето и тоа ќе остане така.

XS
SM
MD
LG