Линкови за пристапност

Македонија најдобра во соседството и со највисока оценка досега...


Courtesy: The Heritage Foundation
Courtesy: The Heritage Foundation

...според годишниот Индекс на економска слобода на Фондацијата Херитиџ и весникот Вол стрит џурнал.

Courtesy: The Heritage Foundation
Courtesy: The Heritage Foundation
Македонија е со најдобар учинок во соседството и со највисока оценка за себе досега, според редовниот годишен Индекс на економска слобода, што е заеднички проект на Фондацијата херитиџ и весникот Вол стрит џурнал.

На скалата од 1 до 100, каде 100 е најдобрата оценка, Македонија доби оценка од 68,6, што е за 0,4 подобро од минатата година, а, како што се наведува во извештајот, се должи на подобрувањата во слободата на тргување, деловната слобода и контролата на јавните трошоци.

Македонија е 20-та од 43 земји во регионот на Европа, а нејзината оценка е над светскиот и регионалниот просек. Од 2002-ра, кога за првпат била оценета, земјата бележи напредок за речиси 11 поени и трансформација во поотворен и пофлексибилен систем, што, според авторите на извештајот, се должи на суштински и сеопфатни мерки на реструктуирање. Некогаш „главно неслбодна“ од економски аспект, Македонија во 2007-ма стана „умерено слободна“ и годинава доби највисока оценка досега, наведуваат Херитиџ и Вол Стрит џурнал.

Извештајот акцентира дека банкарскиот сектор во Македонија релативно добро ја пребродил глобалната финансиска криза и дека земјата ја сочувала монетарната стабилност. Меѓу забелешките се дека опстојува системска слабост во заштитата на сопственичките права и спроведувањето на мерките против корупцијата. Судскиот систем е слаб, поткопан од континуираната корупција и ранлив на политичко влијание, се наведува во извештајот.

Македонија, со 68,6, има највисока оценка во соседството. Албанија доби 66,9, Бугарија 65,7, Грција 55,7, Србија 59,4, а Црна Гора 63,6.
XS
SM
MD
LG