Линкови за пристапност

Трамп ја пофали Ле Пен, Обама го поддржа Макрон


За три дена ќе се одржи вториот круг избори во Франција

На само три дена пред француските гласачи да го изберат следниот претседател на земјата, фаворитот Емануел Maкрон доби поддршка од поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

Во видео порака објавена во четвртокот на Твитер профилот на Maкрон, Обама изјави дека го поддржува центристичкиот кандидат, заради важноста на овие избори.

Претседателот Доналд Трамп ја пофали ривалката на Maкрон, крајно десничарската кандидатка Марин Ле Пен, иако експлицитно не ја поддржа.

„Таа има цврста политика за границите, и она што се случува во Франција“, изјави Трамп во не одамнешното интервју за Асошиетед прес. „Оној кој има најостра политика за радикалниот исламистички тероризам, како и за границите, ќе помине добро на изборите“, рече Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG