Линкови за пристапност

Директорот на ФБИ бара Одделот за правда да негира тврдење на Трамп


Не е јасно зошто Џејмс Коми самиот не се спротивстави на наводите дека претседателот Обама наредил прислушкување на телефоните на Трамп

Директорот на Федералното истражно биро на САД, Џејмс Коми, побара од Одделот за правда да се спротивстави на наводот од претседателот Доналд Трамп дека поранешниот претседател Барак Обама наредил прислучкување на телефоните во Кулата на Трамп во Њујорк, минатата година.

Не е јасно зошто Коми самиот не се спротивставил на соопштението. Тој беше директор на ФБИ во времето на Обама и неговиот оддел ја води тековната истрага за влијанието на Русија на минатогодишните избори.

Според американскиот закон, претседателот не може унилатерално да наложи нечие прислушкување. Таков потег би требало да биде одобрен од федерален судија и да се заснова на разумно сомневање дека телефонските разговори треба да бидат под надзор.

Директорот на Националното разузнавање Џејмс Клапер наводите на Трамп ги нарече едноставно лажни.

XS
SM
MD
LG