Линкови за пристапност

Жени во иноваторството


Жени во иноваторството
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:33 0:00

Изложба по повод Месецот на жените во Александрија, Вирџинија

Годинешново одбележување на Месецот на женската историја во САД беше посветенo на жените кои успешно ги промениле традиционалните улоги во бизнисот и на работното место.

Американската канцеларија за патент и регистриран заштитен знак даде свој придонес, со изложба наловена „Жените во иноваторството.“

И покрај прогресот, науката и понатака останува област во која доминираат мажите, вели Елизабет Доерти, задолжена за изложбата:

„Продолжува да биде предизвик, Американската канцеларија за патент и регистриран заштитен знак се обидува да го промени тоа. Започнавме програма со цел за да им помогнеме и да ги охрабриме жените од сите возрасти да ја изберат технологијата, науката, инженерството или математиката за своја професија.“

Доерти вели дека нештата полека се менуваат, не само заради приоритетите поставени во образованието, туку и затоа што економијата тоа го бара. Во следниве 7 години ќе имаме два милиони нови работни места, а без жените, тие нема да можат да бидат пополнети:

„Треба да ги охрабруваме нашите ќерки, сестри, сопруги, пријателки и колешки да учествуваат во дискусијата, и да размислуваат за можностите.“

Затоа што жените можат да придонесат на уникатен начин. Тие отсекогаш разрешувале сериозни проблеми, вели таа, потсетете се на поговорката, „неопходноста е мајка на иновативноста.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG