Линкови за пристапност

Русија се заканува со противмерки на новите санкции на САД


Според Руското Министерство за надворешни работи, не мора да значи дека мерките ќе бидат исти со американските

Русија вели дека ќе одговори на новите санкции на САД, воведени заради украинската криза. Руското Министерство за надворешни работи на својата веб-страница објави соопштение дека Москва ќе преземе против мерки, коишто не мора да значи дека ќе бидат исти со американските санкции.

Министерството наведува дека „САД не треба да имаат илузии дека ќе можат да го продолжат курсот без негативни последици за самите себеси“.

Чекорот уследи откако американската Влада во соопштение на веб-страницата на Федералниот регистар обелодени дека на листата за санкции додава уште 29 лица со цел дополнително зајакнување на постоечките санкции спрема Русија. Во соопштението се додава дека овие индивидуи дејствувале спротивно на националната безбедност на САД или на надворешно-политичките интереси на оваа земја.

Во денешниот документот се наведува и дека САД ја преземаат оваа акција за да обезбедат ефикасност на веќе воспоставените санкции против Русија заради неjзиното непочитување на меѓународното право и поттикнување на конфликтот во источна Украина.

ЕУ се очекува за уште шест месеци да го продолжи рокот на санкциите спрема украински и руски ентитети, обвинети за поддршка на промосковските сепаратисти во источна Украина. Овој рок истекува на 15-ти септември.

Рускиот претседател Владимир Путин на неколкупати ги отфрли санкциите на ЕУ против руските одбранбени, финансиски и енергетски сектори, како дополнение на листата санкции за поединци, велејќи дека се неефикасни и контрапродуктивни за мировните напори, наспроти нивното влијание врз руската економија.

XS
SM
MD
LG