Линкови за пристапност

Амбасадата на САД во Македонија ја поддржува работата на Специјалното обвинителство


„Повторно ги повикуваме сите страни да дозволат СО да ги извршува должностите самостојно и ослободено од каква било форма на политички притисок “

„САД целосно ја поддржуваат Канцеларијата на Специјалното обвинителство и нејзината улога во истрагата и гонењето за криминални активности коишто произлегуваат од содржините на незаконски прислушкуваните разговори. Именувањето на Катица Јанева беше суштински дел од Договорот од Пржино и беше одобрено од сите четири политички партии.

Повторно ги повикуваме сите страни да дозволат Специјалното обвинителство да ги извршува своите должности самостојно и ослободено од каква било форма на политички притисок. Сите обвинети имаат право на целосна заштита согласно законот, и ги повикуваме сите граѓани да дозволат фактите да бидат докажани преку правосуден процес. Ги повикуваме властите да ги исполнат највисоките стандарди на владеењето на правото, транспарентност, правичност, заштитата на слободата на изразување и независност на судството, додека се одвива постапката за овие случаи“, информираа од амбасадата на САД во Република Македонија.

XS
SM
MD
LG