Линкови за пристапност

Амбасадата на САД засега во Тел Авив


Од Белата куќа велат дека претседателот се` уште планира да го одржи ветувањето од кампањата за префрлање на амбасадата во Ерусалим

Претседателот Доналд Трамп одлучи засега американската амбасада во Израел да ја остави во Тел Авив, иако претходно вети дека ќе ја релоцира во Ерусалим.

Трамп, за време на претседателската кампања вети дека ќе ја префрли амбасадата на САД во Ерусалим во согласност со долгогодишните приоритети на израелската влада. Проблемот е во тоа што ветувањето се најде во средиште на долгогодишната дебата за создавање на две посебни држави, израелска и палестинска. Но, и Израелците и Палестинците, велат дека во таков случај Ерусалим би бил нивниот главен град.

Од Белата куќа коментираа дека одлуката на Трамп да ја задржи амбасада во Тел Авив, каде што се амбасадите на повеќето странски држави, на никој начин не треба да се смета „за повлекување од силната поддршка на претседателот на САД за Израел и за американско-израелското сојузништво“.

Во соопштението од Белата куќа се вели дека Трамп го направил изборот „за да ги зголеми шансите за успешни преговори во постигнувањето на договор за траен мир меѓу Израел и Палестинците.“

Тој во неколку наврати кажа за намерата за преселување на амбасадата“, оценуваат од Белата куќа „и прашањето не е дали - тој чекор ќе се случи, туку кога ќе се случи.“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е разочаран од одлуката на Трамп. Меѓутоа, тој додаде дека се надева дека амбасадата на САД на крај ќе биде преселена во Ерусалим и дека го цени изразот на пријателство од претседателот на САД.

„Позицијата на Израел е доследна, дека американската амбасада, како и амбасадите на сите земји со кои имаме дипломатски односи, треба да бидат во Ерусалим, нашиот вечен главен град“ кажа Нетанјаху.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG