Линкови за пристапност

Најнова анкета опфатила 1.076 лица во периодот меѓу 31-ви март и 4-ти април.  21 процент се изјасниле дека дефинитивно ќе гласаат за Сандерс и 41 процент рекле дека размислат во таа насока.

Според најнова анкета на Асошиетед прес и Германскиот истражувачки институт Џи-Еф-Кеј (GfK), се` повеќе Американци велат дека дефинитивно би гласале за, или би ја разгледале идејата да гласаат за демократот Берни Сандерс, споредено со кој било друг кандидат којшто ќе остане во трката за Белата куќа.

Истражувањето опфатило 1.076 лица во периодот меѓу 31-ви март и 4-ти април. 21 процент се изјасниле дека дефинитивно ќе гласаат за Сандерс и 41 процент рекле дека размислат во таа насока.

Хилари Клинтон која во демократската трка води пред Сандерс, заврши на второто место со комбинирани 50 проценти. На републиканска страна, Тед Круз и Џон Кејсик заедно, имаат 43 проценти, додека фаворитот Доналд Трамп е на последното место со 35 проценти.

Во анкетата е опфатена хипотетичка теза дека Клинтон ќе биде наспроти Трамп на генералните избори и притоа, 43 проценти од испитаниците рекле дека Клинтон ги претставува нивните позиции за важни прашања, споредено со 30 проценти коишто го поддржале Трамп.

XS
SM
MD
LG