Линкови за пристапност

Анкета: Се зголемува водството на Доналд Трамп


Според истражувањето на јавното мислење на Универзитетот Квинипек, тој води со 28 проценти меѓу републиканските гласачи ширум земјата.

Според најново истражување на јавното мислење што го направи Универзитетот Квинипек, Доналд Трамп го зголемува водството пред другите републикански кандидати за претседателска номинација.

Анкетата покажува дека милијардерот Трамп води со 28 проценти меѓу републиканските гласачи ширум земјата. Го претекна и во моментов најголемиот конкурент, неврохирургот, Бен Карсон, којшто заостанува со 15 поени.

Некогашниот гувернер на Флорида, Џеб Буш, син и брат на двајца поранешни американски претседатели, заостанува уште повеќе, заедно со други републикански кандидати. Првите прелиминарни избори на Републиканската партија ќе се одржат во февруари наредната година.

Екстравагантната реторика на Трамп спрема неговите противници и новинари, резултираше да добие поддршка кај одредени републиканци уморни од политичките превирања во Вашингтон. Но неговите испади обесхрабрија други републиканци, од коишто многумина рекоа дека нема никакви шанси да го поддржат.

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и натаму води на страната на демократите. Сепак, Квинипек вели дека водството се намалува наспроти случувањата со нејзината приватна електронска пошта.

Истражувањето спроведено врз 647 демократи покажува поддршка за Клинтон од 45 проценти, а минатиот месец оваа бројка изнесуваше 55 проценти. Веднаш зад неа е сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс со 22 процента и потпретседателот Џо Бајден со 18 проценти. Бајден официјално не ја соопштил својата кандидатура за добивање на номинацијата, но ја разгледува можноста тоа да го стори нешто подоцна.

XS
SM
MD
LG