Линкови за пристапност

Џонсон: Нудиме превенција од кибернетски напади за време на гласањето


Одделот за домашна безбедност претстави и нова кампања за соработка на владини и експерти од приватниот сектор за промоција на безбедноста при гласањето во ноември.

Одделот за домашна безбедност им понуди помош на изборните претставници, со цел да се надминат предизвиците од евентуални кибернетски напади врз системите за гласање.

Секретарот за домашна безбедност Џеј Џонсон имаше видео-конференција со лица ангажирани во изборниот процес, како и претставници на Одделот за правда и Националниот институт за стандарди и технологија.

Гласањето во САД главно се врши преку одреден вид на машина. Кој систем ќе го користат, зависи од претставниците коишто вршат надзор на 9-те илјади одвоени јурисдикции за гласање во земјата, а не од федералната влада.

Џонсон ги повика сојузните држави да ги почитуваат препораките, за време на гласањето, машините да не бидат поврзани со Интернет.

Тој воедно претстави и нова кампања за соработка на владини и експерти од приватниот сектор за промоција на безбедноста при гласањето и зголемување на свеста за потенцијалните ризици за инфраструктурата во целиот процес.

XS
SM
MD
LG