Линкови за пристапност

И Путин и Кастро се „кандидирале“ за претседател на САД


Се очекува либертаријанците да бидат единствената трета партија во гласачкиот список во сите 50 држави

Републиканците не се целосно обединети околу поддршката на Доналд Трамп, а Хилари Клинтон ја нема наклонетоста на гласачите.

Претседателскиот кандидат од Либертаријанската партија Гери Џонсон на тоа гледа како на „вистинска можност“ за победа во претседателската трка, ако се земе предвид дека републиканците не се целосно обединети околу Доналд Трамп, а анкетите покажуваат дека гласачите не и се наклонети на демократката Хилари Клинтон.

Финансирање на кампањата

Кандидатите треба да ја објават кандидатурата за претседател на САД со испраќање на формулар во Федералната изборна комисија. Досега, за изборите 2016 се пополнети повеќе од 1.700 такви обрасци, иако повеќето се испратени за шега, користејќи ги имињата на Владимир Путин, Фидел Кастро, Роки Балбоа и други.

Да бидат потврдени како официјални кандидати, тие мора да обезбедат повеќе од 5.000 долари донации за кампањата. За да имаат право на државни изборни фондови за време на прелиминарната сезона, кандидатот треба да ги обезбеди тие 5.000 долари во 20 различни држави.

Според податоците на Федералната изборна комисија, Џонсон со 320.000 долари и кандидатот на Зелената партија Џил Стеин со 223.000 долари, биле единствените кандидати од третите партии кои го поминале тој праг до крајот на март. За споредба, Клинтон обезбедила 180 милиони долари, а Трамп 48 милиони долари.

Парите стануваат уште попроблематични за време на генералните избори. Услов трета партија да има право на фондовите оваа година е да има добиено најмалку пет проценти од гласовите на претходните избори.

Тоа значи дека годинава, главните номинирани партии ќе можат да добијат до 96 милиони долари од федералните фондови, за разлика од третите партии, кои не можат да добијат ништо.

Јавното финансирање почна во 1976 година, а сега тој фонд изнесува повеќе од 300 милиони долари.

Гласачко ливче

Дури и ако успеат да ги обезбедат сите 300 милиони долари на нивна сметка за кампањата, кандидатот на третата партија исто така се соочува со предизвик неговото име да се најде во гласачкото ливче.

Условите се разликуваат во секоја од државите, но се движат од неколку стотици потписи во Тенеси до речиси 200.000 во Калифорнија.

Џонсон во неделата рече дека очекува дека Либертаријанската партија да биде единствената трета партија во списокот во сите 50 држави.

Дебати

Дебатите играат голема улога во генералните избори бидејќи им овозможува на гласачите да слушнат за важните прашања со кои се соочува нацијата.

Комисијата за претседателските дебати има закажано три дебати на почетокот на септември, и како во минатите избори кандидатите треба да добијат 15 отсто од поддршката во неколку анкети за да можат да учествуваат на нив.

Третите партии се уште не се многу вклучени во анкетите, а трета партија или независен кандидат нема учествувано во дебата од 1992 година, кога Рос Перо се соочи со републиканецот Џорџ Буш и демократот Бил Клинтон

XS
SM
MD
LG