Линкови за пристапност

Благ раст на инфлацијата - простор за зголемување на каматните стапки


Клучните каматни стапки се очекува да се зголемат кон средината на декември, од рекордно ниското ниво од почетокот на финансиската криза во 2008-та

Клучната мерка за инфлацијата во САД забележа благ раст во октомври, зголемувајќи ги шансите Централната банка да ги зголеми каматните стапки.

Според владин извештај, за месец септември цените се покачиле за две десетини од процентот. Настрана од цените на електричната енергија и храната, изминатава година е забележано зголемување на цените во малопродажбата за 1,9 проценти, што е близу до предвидувањата на Федералните резерви од два процента.

Експертите велат дека умерена и рамномерна инфлација им овозможува на семејствата и компаниите подобро да го планираат купувањето на домови и опрема, што помага во економскиот растеж.

Претставници на Централната банка соопштија дека би сакале да видат мало зголемување на инфлацијата, пред да се решат на зголемување на каматните стапки. Клучните каматни стапки се очекува да се зголемат кон средината на декември од рекордно ниското ниво коешто е актуелно од почетокот на финансиската криза во 2008-та.

Идејата зад намалувањето на каматните стапки што ги намалија трошоците за позајмување, требаше да биде поттик за економскиот растеж. Сега, кога нивото на невработеност падна од 10 на 5 проценти, некои економсти велат дека мерката за стимулирање на вонредни ситуации, повеќе не е потребна. Експертите додаваат дека зголемувањето на каматните стапки на Централната банка и` даваат простор за повторно да ја стимулираат економијата ако во иднина биде потребно.

XS
SM
MD
LG