Линкови за пристапност

Невработеноста пораснала во САД


Аналитичарите веруваат дека ова се должи на фактот што некои невработени се вратиле на потрагата по работа

Стапката на невработеност во САД за месец март забележа благ пораст од пет проценти.

Извештајот на Одделот за труд од петокот исто така вели дека економијата оствари нето добивка од 215.000 работни места за месец март и истакна дека платите се малку зголемени.

Аналитичарите наведуваат дека невработеноста има пораст поради веста за подобрување на економијата што поттикна многу невработени Американци да ја продолжат потрагата по работа. Владините експерти за официјално невработени лица не ги бројат оние луѓе коишто не барале работа последните четири недели.

Вработеноста забележа пораст во трговијата, градежништвото и здравството, додека производството и рударството забележаа загуба на работни места.

Податоците покажуваат дека осум милиони Американци се се' уште невработени, додека дополнителни 6,1 милиони бараат работа со полно работно време, но можат да најдат само со скратено работно време.

XS
SM
MD
LG