Линкови за пристапност

Калифорнија пред другите, но претстои долг пат

  • Мајк О`Саливен

Економијата во сојузната држава расте над националниот просек.

Американската економија бавно, но сепак закрепнува од рецесијата 2008 - 2009-та. Калифорнија е најсветлата точка каде економијата расте над националниот просек.

Розали Андерсен, агентка за трговија со недвижнини, во моментов работи на продажба на куќа по цена од над милион долари. Вели, пазарот оди по нагорна линија.

„Помалку чудно. Со колегите се прашуваме - од каде им пари на луѓето? Но, мислам дека многумина сега одат на тоа дека најдобра инвестиција е – домот“, раскажува Андерсен.

Економијата во Калифорнија лани порасна за 3,5% - цел процент повеќе од националниот просек.

Но, ситуацијата варира од област во област. Пристаништата, на пример, се со полни раце работа, наведува економистот Роберт Клајнхенц од Корпорацијата за економски развој на Лос Анџелес.

„Се` уште сме далеку од нивото пред рецесијата. Секоја година има напредок, но не чека долг пат“, смета Клајнхенц.

Хенри Вонг, сопственик на мал бизнис од Лос Анџелес, продава декорации и други нешта од Кина. Кога бизнисот е послаб, има помалку работници.

„Работам сам. Понекогаш, кога економијата не е најдобра, мора да работиме повеќе“, вели тој, но додава дека не се жали, затоа што сепак - добро е.

Високотехнолошките компании помагаат во економскиот подем, но дури и во Силиконската долина - мешана слика. Сиско, на пример, и покрај добрата продажба, најави дека ќе елиминира 4.000 работни места за да се адаптира на пазарните услови.

Индустријата на забава и услужните дејности вработуваат, а во ред се и банкарските и други професионални услуги. Калифорниската земјоделска гранка, вредна 44 милијарди долари, помага да се прехрани целата земја. Стапката на невработеност во Калифорнија е 8,7%, а пред 3 години беше над 12.

Па сепак, разочарувачките податоци од продажбата што месецов ги објави најголемиот ланец стоковни куќи Волмарт, покажуваат дека патот до закрепнувањето е долг, дури и на места како Калифорнија.
XS
SM
MD
LG