Линкови за пристапност

Американската економија расте побрзо од очекуваното


Позитивниот тренд е поттикнат од зголемената потрошувачка

Економскиот раст во САД поголем отколку што првично се очекување во последните неколку месеци во 2016-та година.

Во нов извештај на Одделот за трговија се вели дека економија во октомври, ноември и декември минатата година пораснала за 2,1 процент на годишно ниво. Растот е поттикнат од зголемената потрошувачка.

Економистот од банката PNC Гас Фаучер вели дека најголемата економија во светот се наоѓа во „солидна кондиција“ и тој очекува растот годинава да биде поголем отколку минатата година.

За време на кампањата, претседателот на САД Доналд Трамп вети дека ќе го зголеми економскиот раст, до четири проценти на годишно ниво, со намалување на даноците и кратење на регулативите, како и со зголемување на инвестициите во инфраструктурата. Многу економисти се сомневаат дека оваа стапка на раст може да се постигне. Тие тврдат дека напорите за стимулација на економијата на претседателот Трамп не можат да ги надминат причините за бавниот раст, како што се опаѓањето на продуктивноста и стареењето на работна сила.

Друг извештај од Одделот за труд вели дека новите барања за помош поради невработеност опаднале за 3.000.

Податоците покажуваат дека бројката на апликации за невработеност од 258.000 се уште е доволно ниска, и покажува здрав пазар на трудот. Бројот на барања заради невработеност е под нивото од 300.000, во период од повеќе од две години, најдолг период од 1970-та година наваму, кога големината на работната сила беше значително помала.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG