Линкови за пристапност

Разочарувачки раст на американската економија


Во првиот квартал од годната најголемата светска економија забележала раст од само 0,7 проценти на годишно ниво.

Според најновите владини економски податоци објавени вчера, американската економијата расте со најмала стапка во последните три години. Најсеопфатниот индикатор за производите и услугите во земјата, бруто домашниот производ (БДП) покажува разочарувачки раст од 0,7 проценти на годишно ниво. Тоа е најслаб резултат од 2014-та година наваму, затоа што потрошувачка остана непроменета а инвентарот на бизнисите остана мал.

Аналитичарите велат дека ваквиот тренд е разочарување за претседателот на САД Доналд Трамп, кој откако ја презеде функцијата во Белата куќа предвидуваше силен економски раст.

„Се сеќавате кандидатот Трамп дури зборуваше за БДП од околу 5 проценти и парафразираше можеби и нешто многу, многу повеќе,“ вели аналитичарот од Bankrate.com Марк Хемрик.

„Повеќето економисти сметаат дека среднорочната траекторијата на економијата на САД ќе биде слична со она што го видовме во текот на последниве неколку години, а тоа е раст некаде помеѓу еден и веројатно 2,5 проценти на годишно ниво.“

Во четвртиот квартал од 2016-та година,

економијата растеше со темпо од 2,1 проценти. Но, економистите велат дека проценките за првиот квартал од годината имаат тенденција да бидат познати како пониски од поголем број на причини.

Хемрик за Гласот на Америка вели дека: „Во одредени години тоа е поради лошите временски услови, кои ги принудуваат луѓето да седат во своите домови и да не купуваат работи, но исто така се верува дека има и статистички недостатоци - што значи дека она што навистина се случува во економијата не е совршено преставено од страна на владината статистика. На крај, тоа повеќе е проценка и воопшто не е совршена.“

Повеќето економисти сметаат дека проценката за првиот квартал не треба да биде вистинска мерка за здравјето на најголемата светска економија.

Другите индикатори се подобри. Стапката на невработеноста во САД е речиси на 10 годишен минимум, на ниво од 4,5 проценти. Довербата на потрошувачите и бизнисите се зголемува, а главните берзански индекси се речиси на рекордно високо ниво.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG