Линкови за пристапност

Пченката на крстопат


Храна или гориво?

Тешката суша во САД ја накачи цената на пченката на светските пазари. Се очекува домино-ефект во цените на месото, млекото и јајцата, а со фактот дека пченката се користи за добивање на етанол за гориво за автомобилите, најверојатно ќе дојде и до шок на бензинските пумпи. Пченката во САД е на крстопат – како храна или гориво?

Во срцето на Америка, Ајова, малите места како Галва, каде се одгледува пченка, со децении беа во економска депресија. Сега, пак, таму се градат нови домови. Факторот што ја јакне локалната економија е недалеку од полињата со пченка на фармерот Ален Бенет - го претвора неговиот род во етанолско гориво.

Најмалку една четвртина од американската пченка се трансформира во гориво

Најмалку една четвртина од американската пченка се трансформира во гориво

„Има три фабрики за производство на етанол во непосредна близина. Конкуренцијата за производство на пченка е голема како никогаш досега, раскажува Бенет.

Во 2005-та, Конгресот усвои закон со кој во горивото за автомобилите мора да има извесна количина на етанол. Меѓу причините: да се произведува повеќе домашно гориво и да се намали нафтената зависност од Блискиот Исток.

Оваа држава се потпира на етанолот, кој е 10% од севкупното количество на гориво. Етанолот е добар за Америка.

Така, денес најмалку една четвртина од американската пченка се трансформира во гориво. Економистите велат - тоа е причината што нејзината цена е трипати повисока од 2005-та. Но, тоа ги погоди фармерите кои одгледуваат животни и ги хранат со пченка. Нивната индустрија побара Конгресот да го поништи законот за етанол. Фармерот Бил Тентингер, кој одгледува свињи во Ле Мар, Ајова, вели: „Ако индустријата на етанол продолжи со вакво темпо, ќе го проголта приносот и ќе немаме пченка за исхрана“.
Ако индустријата на етанол продолжи со вакво темпо, ќе го проголта приносот и ќе немаме пченка за исхрана.


Фармерот Бенет е против поништувањето на Законот: „Тоа ќе значи банкрот на погоните за етанол. Оваа држава се потпира на етанолот, кој е 10% од севкупното количество на гориво. Етанолот е добар за Америка“.

Фармерот Тентингер возвраќа дека големата суша годинава го натерала да размислува поинаку: „Не бев од оние кои велат - пченката или за храна, или за гориво, но на крајот можеби ќе дојде до тоа“.
XS
SM
MD
LG