Линкови за пристапност

Владата на САД со регулативи за возила без возач


Некои од најголемите американски компании како „Епл“, „Форд“, „Гугл“ и „Убер“ се натпреваруваат за да создадат следна генерација автомобили што ќе се управуваат самите.

Администрацијата на претседателот Обама ќе обелодени нови регулативи за техлогијата којашто стои зад автоматизираните возила.

Некои од најголемите американски компании како „Епл“, „Форд“, „Гугл“ и „Убер“ се натпреваруваат за да создадат следна генерација автомобили што ќе се управуваат самите.

Одделот за транспорт обелодени 15 страндардни процедури во однос на дизајнот и производството на возилата без возач, а регулативите официјално ќе бидат претставени на прес-конференција во текот на денов.

„И покрај се`, загреженост постои. Дали целосно ќе го заменат човекот-возач? Какви етички одлуки ќе бидат на сила? Какво ќе биде социоекономското влијание од оваа драматична промена? Дали ове возила ќе ја поречат природата на приватноста и безбедноста? За многу од овие покрупни прашања ќе биде потребен поширок и посеопфатен дијалог со владата, индустријата, академските претставници и, што е најважно, со јавноста.

Неколку авто-производители и технолошки компании тестираат верзии на овие автомобили веќе неколку години, со човек на возачкото седиште, но само за секој случај.

Белата куќа наредниот месец во Питсбург ќе организира самит посветен на овој вид возила.

XS
SM
MD
LG