Линкови за пристапност

Американска опрема за македонската воена полиција


Членови на силите за специјални операции на АРМ во 2008-ма, на вежбовна кула - донација од САД
Членови на силите за специјални операции на АРМ во 2008-ма, на вежбовна кула - донација од САД

Вредна 850 илјади долари, наменета главно за мировни операции предводени од НАТО, ЕУ и ООН

Уреди за ноќна сигнализација, шилци за присилно стопирање на возила, штитови, шлемови, пендреци, опрема за контрола на лица и возила - ова е само дел од 850 илјади долари-вредната опрема или тнр. несмртоносно оружје што батаљонот на македонската воена полиција го доби како донација од САД, наменета главно за мировни операции предводени од НАТО, ЕУ и ООН.

„Денешната донација е пример и потврда за одличната соработка и координација меѓу Министерството за одбрана и АРМ со Амбасадата на САД во делот на одбраната. Пет македонски војници - инструктури веќе се во САД и тие подоцна ќе можат да ги обучуваат припадниците на АРМ како да ја употребуваат оваа опрема“, рече заменик заменик-амбасадорот на САД во Македонија Барт Путни, којшто заедно со македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски во касарната „Илинден“ во Скопје присуствуваа на презентацијата на употребата на опремата.

„Оваа донација е дел од широка и сеопфатна соработка во духот на стратегиското партнерство меѓу Република Македонија и САД. Нашата соработка во областа на одбраната со САД вклучува широк спектар на активности од стратешки анализи и проценки, експертска помош, преку школување, обука, помош во воена опрема до заедничко учество во мировни операции“, рече Јолевски.

Тој најави дека е можно отворање и на центар за обука со несмртоносно оружје во земјава и тоа го оценки како круна на соработката меѓу двете земји во одбраната, којашто, изразена во долари, во периодот од осамостојувањето на Македонија до денес, според податоците од Министерството за одбрана, е над 120 милиони долари. Ова, според Јолевски, е голем американски придонес во развојот на АРМ како придонесувач кон регионалниот и глобалниот мир и безбедност, подготвено очекувајќи го идното членство во НАТО и ЕУ.

Освен во опрема, американската помош е и преку обука на македонски офицери во САД и повеќегодишната соработка со Национална гарда на Вермонт, а војници на АРМ повеќе години под американска команда се дел од воените мисии во Ирак и Авганистан.

XS
SM
MD
LG