Линкови за пристапност

Нема напредок во финансиските преговори


Нема напредок во финансиските преговори

Нема напредок во финансиските преговори

Белата куќа сепак оптимист дека Конгресот ќе спречи САД да задоцнат со исплатата на долговите.

Порптпарол на Белата куќа соопшти дека нема напредок во преговорите за кратење на владините трошоци и избегнување на ситуација во која владата би задоцнила со исплатата на своите кредитни обврски. Па сепак, Џеј Карни кажа дека Белата куќа е „аполутно сигурна“ дека САД ќе платат навреме и дека Конгресот до истекот на рокот на 2-ри август ќе ја зголеми сумата колку може да се задолжи владата, а што досега изнесуваше 14,3 трилиони долари.

Карни ова го изјави само неколку часа откако водечкиот републикански законодавец, претседателот на Претставничкиот дом Џон Бејнер го повика претседателот Барак Обама да покаже вистинско лидерство, велејќи дека “не е доволно да посакува или пак чека на решение“.

Разговорите меѓу Белата куќа и Конгреснот запнаа околу партиските разидувања како да се намали буџетскиот дефицит и од каде да се најдат пари за зголемување на сумата со која може да се задолжи владата. Бејнер и денес повтори дека републиканците се против предлогот на Обама за зголемување на даноците.

XS
SM
MD
LG