Линкови за пристапност

Факти: Што би се случило доколку не биде постигнат договор за долгот?


Факти: Што би се случило доколку не биде постигнат договор за долгот?
Факти: Што би се случило доколку не биде постигнат договор за долгот?

Факти: Што би се случило доколку не биде постигнат договор за долгот?

  • ШТО Е КРАЈНА ГРАНИЦА НА ВЛАДИНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ? Во 1917-та, Конгресот усвои закон што налага тој да го одобри секое зголемување на сумата колку може да се задолжи владата. Тоа го има направено 74 пати од 1962-ра - наваму.

  • ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ГРАНИЦАТА? Во мај, САД го достигнаа лимитот на задолженост од 14,3 трилиони долари. Оттогаш, Одделот за финансии ги финансираше операциите со специјални мерки, меѓу што и со неисплаќање на дел од пензиските фондови. Но, секретарот на Одделот за финансии Тимоти Гајтнер предупреди дека по 2-ри август, мерките нема да бидат доволни да се подмират обврските. Зголемувањето на границата не го зголемува буџетот, ниту пак одобрува нови трошоци. Тоа само и` овозможува на владата да позајми средства за да плати за трошоците што Конгресот веќе ги одобрил.

  • ШТО БИ СЕ СЛУЧИЛО ДОКОЛКУ ГРАНИЦАТА НЕ СЕ ЗГОЛЕМИ? Ова не е сигурно, но претседавачот на Федералните резерви Бен Бернанки и голем број економисти и деловни лидери велат дека ќе има тешки последици. Некои пазарни стручњаци наведуваат дека доколку САД не можат да платат на банките и инвеститорите кои поседуваат обврзници на Одделот за финансии, самите банки и инвеститори ќе имаат проблеми да ги подмират своите обврски, а некои банки може да заглават и подлабоко. Водечките кредитни агенции најавија дека ќе го намалат кредитниот рејтинг на Одделот за финансии доколку САД задоцнат со исплата на долгот. Тоа значи дека САД ќе мора да плаќаат по повисоки каматни стапки за да ги задоволат инвеститорите, со тоа влијаејќи на зголемувањето на каматните стапки за обичните граѓани и бизнисите. Тоа, за возврат, може да го забави економскиот растеж. Иако владата можеби веднаш нема да затвори, доколку на Конгресот му треба долго време да ја зголеми границата, тогаш многу агенции би бил принудени да работат само со најсуштинскиот персонал за да заштедат пари. Претседателот Обама предупреди дека може да се случи и милиони пензионери да не добијат пензија. Па сепак, некои, меѓу кои многумина членови на Републиканската партија, велат дека ситуацијаата нема да биде катастрофална, туку ќе придонесе САД да ги скратат - како што сметаат - непотребните владини операции. Републиканскиот сенатор Џим ДеМинт од Јужна Каролина вели дека неподигањето на границата нема да доведе до тоа САД да не можат да го платат долгот и дека, едноставно, земјата само подобро ќе се фокусира на плаќање на кредиторите и кратење на непотребните трошоци.

  • КАКОВ ЌЕ БИДЕ ОДРАЗОТ НА МЕЃУНАРОДЕН ПЛАН? Не се знае. Но, доколку нараснат американските каматни стапки, најверојатно ќе нараснат стапките и во други земји, а странските инвеститори кои имаат обврзници на Одделот за финансии може да западнат во финансиска неволја. Во моментов, странците имаат половина од обврзниците и веројатноста е дека нивната вредност ќе падне. Кина, која има најповеќе обрвзници, во вредност од 1,2 трилиони долари, во неколку наврати им порача на САД да избегнат ситуација во која не би можеле да го отплатат долгот.

XS
SM
MD
LG