Линкови за пристапност

Клинтон и Трамп со контрастни планови за САД


Следната дебата е закажана за 9-ти октомври

Американските претседателски кандидати Доналд Трамп и Хилари Клинтон изнесоа контрастни планови за економијата и улогата на Америка во странство, пред потенцијалните гласачи во понеделникот навечер, кога се соочија на првата од три планирани дебати пред изборите на 8-ми ноември.

Нагласувајќи го неговиот успех во градењето на милијарда долари вредна империја на недвижности, номинираниот кандидат од Републиканската партија кажа дека е време државата да биде водена од некој што знае како се работи со пари.

„Нашата држава има големи проблеми. Ние сме нација во долгНие сме во сериозни долгови и имаме држава на која и` требаат нови патишта, нови мостови, нови училишта, нови болници. И немаме пари зашто се фрлени на многу ваши идеи“, рече Трамп.

Клинтон, номинирана од Демократската партија, кажа дека последна работа што и` треба на државата е да се враќа на неуспешна политика што донела рецесија пред осум години.

„Имавме најлоша финансиска криза и рецесија од 1930-те наваму. Тоа во голема мерка се должи на даночната политика што ги намали даноците за богатите, што не инвестираше во средната класа, што гледаше низ прсти на Вол Стрит и креираше совршена бура“, изјави Клинтон.

Двајцата кандидати беа прашани за расните односи во САД, тема што стана национално прашање по смртоносните инциденти што ја инволвираат полицијата и Афроамериканците низ државата последниве години.

„Афроамериканската заедница беше запоставена од политичарите. Тие зборуваат добро околу изборите, како сега, а по изборите велат `Се гледаме за четири години`. Афроамериканската заедница, особено во внатрешноста беше толку лошо третирана, беа злоставувани и користени за да обезбедат гласови за демократите. Тоа е така. Тие ги контролираат овие заедници последниве сто години“, вели Трамп.

За надворешната политика, Трамп ја критикуваше Клинтон како државна секретарка во мандатот на претседателот Барак Обама, велејќи дека Клинтон има искуство, но дека тоа е „лошо искуство“ и повтори дека таа нема издржливост за претседател.

„Кога тој ќе патува во 112 држави и води мировни преговори, прекин на огнот, ослободување на дисиденти, отварање нови можности за нации во светот или кога ќе одговара пред конгресна комисија 11 часа – тогаш ќе разговараме за издржливост“, возврати Клинтон.

Тој силно го критикуваше договорот на САД и уште пет други сили со Иран за ограничување на нуклеарната програма на државата, додека Клинтон го посочи договорот како пример за ефикасна дипломатија што го прекина патот на Иран до нуклеарна бомба.

Следната дебата е закажана за 9-ти октомври.

XS
SM
MD
LG