Линкови за пристапност

Најмалку 18 мртви во невреме во САД


Националната метеоролошка служба најави нови бури, ветришта и град во неколку јужни сојузни држави

Најмалку 18 лица загинаа во невреме што го зафати јужниот дел на САД, а временските прогнози предупредуваат на нови бури.

Четиринаесет лица го загубија животот, а повеќе од 20-тина беа повредени во торнадата што ја погодија Џорџија во текот на викендов, а во саботата, во Хатисбург, Мисисипи, загинаа четири други лица.

Гувернерот на Џорџија прогласи вонредна состојба во седум општини во кои имаше најмногу жртви, повредени и штети од силното невреме.

Националната метеоролошка служба соопшти дека јужниот дел на Џорџија, северна Флорида и делови на југоисточна Алабама, може да се соочат со нови торнада, силни ветрови и град.

XS
SM
MD
LG