Линкови за пристапност

САД ги зајакнуваат врските со Куба пред посетата на Обама


Нови упатства за патување и финансиски врски

САД во вторникот ги олесни ограничувањата за патувања на Американците во Куба и во исто време го прошири пристапот на Кубанците во американските финансиски институции и нивната можност да работат во САД.

Новите правила доаѓаат само неколку дена пред закажаната посета на претседателот Барак Обама во Куба, кој е првиот актуелен американски претседател во посета на островот за речиси 90 години.

Двете држави поминаа околу 50 години како непријатели, после падот на поддржуваниот од Американците диктатор Фулгенцио Батиста, од страна на револуционерниот водач Фидел Кастро.

Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро (брат на Фидел Кастро) ги обновија дипломатските односи на крајот на 2014-та година и ги олеснија трговските бариери откако ги отворија амбасадите во Хавана и Вашингтон. Подоцна оваа година, американските авио-превозници се подготвени да започнат со редовни летови до островот во Карпиското море, што е на 145 километри од југоисточниот брег на САД.

САД веќе одобри патувања во Куба и со промените најавени во вторникот, ќе бидат дозволени таканаречените „ луѓе за луѓе образовни патувања“.

Во исто време, САД изјави дека Кубанците ќе имаат можност да отворат банкарски сметки од Куба. На Кубанците кои живеат во САД ќе им биде овозможено да заработуваат повеќе отколу што е потребно само за нормални животни трошоци.

Американскиот секретар за финансии Џејкоб Лу изјави дека новите чекори насочени кон нормализирање на односите со Куба.

XS
SM
MD
LG