Линкови за пристапност

Белата куќа не ја исклучува можноста за посета на претседателот Кастро


Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест

По најавата за нормализација на американско-кубанските односи, можно и претседателот Обама да ја посети Хавана, според портпаролот Ернест

САД наведуваат дека е веројатно кубанскиот претседател Раул Кастро еден ден да се сретне со претседателот Барак Обама во Вашингтон.

„Јас не би ја исклучил како можност посетата на претседателот Кастро“, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест на денешниот редовен брифинг за новинарите. Вчера, пак, кога претседателите на двете земји истовремено го објавија планот за нормализација на односите по половина век дипломатска одвоеност што започна во времето на Студената војна, Ернест рече дека е можно Обама да ја посети Хавана во контекст на повторното отворање на амбасади.

Сепак, драматичното попуштање на напнатоста меѓу двете земји не го избриша спорот целосно.

Обама во ТВ-интервју најави дека САД „гласно ќе говорат“ за слободата на кубанскиот народ. Намерата на Обама да ги обнови дипломатските односи со Куба предизвика жестоки реакции на дел од американските законодавци коишто се гласни критичари на комунистичката земја и, како што наведуваат, педесетгодишната диктатура на револуционерот Фидел Кастро, а сега и на неговиот брат, Раул.

XS
SM
MD
LG