Линкови за пристапност

САД и Кина ќе воведат нови санкции против Северна Кореја


Заради неодамнешниот нуклеарен тест и лансирањето на проектил со долг домет

САД денеска се очекува до Советот за безбедност на ОН да поднесat нацрт-резолуција, а деталите од предлогот ќе бидат обелоденети подоцна. Веста уследи по посетата на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Вашингтон, при што оствари средби со државниот секретар Џон Кери и советничката за национална безбедност, Сузан Рајс.

Северна Кореја е под санкции на ОН од 2006-та година, наваму, заради нејзините неколкукратни нуклеарни тестови и лансирање на проектили. Како дополнение на ембаргото на ОН за оружје, Пјонгјанг има забрана за увоз и извоз на нуклеарна и технологија за проектили, како и увоз на луксузни добра.

Одредени аналитичари се скептични дека целењето на претставници и агенции на Северна Кореја, ќе има некакво влијание и го поставуваат прашањето дали финалниот договор ќе предизвика вистиснка економска болка, која што ќе ја почувствува Ким Јонг Ун и раководството.

Вашингтон воедно се залага за заострување на ограничувањата за пристап на севернокорејските банки до меѓународниот финансиски систем.

Вчера претседателот Барак Обама потпиша легислатива со која се воведуваат нови санкции на САД против Северна Кореја како одговор на нуклерниот тест и лансирањето на проектили од страна на Пјонгјанг.

Мерката повикува на воведување на задолжителни санкции на секој кој ќе му помогне на Пјонгјанг околку неговите нуклеарни и програми за проектили, кибернетски напади и злоупотреба на човековите права.

XS
SM
MD
LG