Линкови за пристапност

Кина врши истрага за инцидентот пред Амбасадата на САД


Обезбедување го опколи возилото на американскиот амбасадор Гари Лок откако антијапонски демонстранти во Пекинг се обидоа да го спречат да влезе во Амбасадата.
Обезбедување го опколи возилото на американскиот амбасадор Гари Лок откако антијапонски демонстранти во Пекинг се обидоа да го спречат да влезе во Амбасадата.

50-тина демонстранти вторникот во Пекинг го опколиле возилото на амбасадорот Гари Лок, привремено спречувајќи го да влезе во Амбасадата.

САД изразија загриженост за инцидентот во кој десетици кинески демонстранти го опколија автомобилот на американскиот амбасадор Гари Лок, фрлајќи предмети и спречувајќи да влезе во Амбасадата.

Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд соопшти дека кинеските власти жалат за инцидентот од вторникот, за време на жестоки антијапонски протести ширум Кина.

„На 18-ти септември, 50-тина кинески демонстранти го опколија службеното возило на американскиот амбасадор при обидот да влезе во зградата на Амбасадата. Причинета е минимална штета врз возилото. Амбасадорот Лок не бил повреден. Кинеското обезбедување пред Амбасадата реагирало и ги растерало демонстрантите, по што возилото влегло во зградата“, рече Нуланд.

Амбасадорот Лок кажа дека не се почувствувал загрозено за време на инцидентот, но сепак на средба со претставници на кинеското Министерство за надворешни работи изразил загриженост и побарал да сторат се` што е во нивна можност да го заштитат персоналот на американската амбасада. Портпарол на Министерството оцени дека се работи за „издвоен случај“, но подвлече дека Кина врши истрага.
XS
SM
MD
LG