Линкови за пристапност

АП во истражување ги товари американските служби за заштита на децата


Надгробниот споменик на девојчето Анџелика “бејби Хоуп“ Кастиљо во Бронкс, Њујорк, чие мртво тело било пронајдено во термос-контејнер за излет во 1991-ва

Надгробниот споменик на девојчето Анџелика “бејби Хоуп“ Кастиљо во Бронкс, Њујорк, чие мртво тело било пронајдено во термос-контејнер за излет во 1991-ва

Во период од шест години починале преку 780-тини поради злоупотреба или запоставување, а надлежните не реагирале навреме

Новинската агенција Асошиетед прес (АП) соопшти дека најмалку 786 деца во САД починале поради злоупотреба или запоставување во период од шест години, и тоа „пред очите на властите задолжени за заштита на децата“.

АП наведува дека во текот на своето осуммесечно истражување открила дека голем број од децата биле тепани, изгладнувани, или пак оставени сами, што завршило кобно, иако агенциите задолжени за нив имале можност да дознаат дека тие биле во опасност. Истражувањето ги опфаќа 50-те сојузни држави и областа на главниот град Вашингтон.

Според АП, поголемиот дел на сојузните држави „имале проблеми во давањето на податоци“ и „напати надвладеала таинственоста“. Истражувањето наведува дека поголемиот дел од 768-те деца, за коишто е утврдено дека починале, биле под четиригодишна возраст. Системот за собирање на податоци за смртни случаи меѓу децата е со толку големи проблеми, тврди новинската агенција, што никој со сигурност не може да каже колку годишно умираат поради злоупотреба или запоставување. АП наведува дека меѓу факторите што придонесуваат за проблемот се и тенките буџети на агенциите, недоволниот број на социјални работници и преголемиот број на случаи. Така, речиси 40% од 3-те милиони поплаки за злоупотреба или запоставување на децата, колку што годишно примаат надлежните служби, се проверуваат, но потоа не се врши истрага за нив. Во истражувањето стои и дека непостоењето на сеопфатна, национална база на податоци, причинува некои престапници да останат неказнети, бидејќи може да се сокријат со преселување во друга сојузна држава.

XS
SM
MD
LG