Линкови за пристапност

Уапсено лице осомничено дека планирало напад на Конгресот


Уапсено лице осомничено дека планирало напад на Конгресот

Уапсено лице осомничено дека планирало напад на Конгресот

Властите го следеле подолго време и го онеспособиле експлозивот.

Американските власти уапсија лице во близина на Конгресот за кое велат дека планирало да изврши терористички напад.

Осомничениот, 29-годишниот Мароканец Амин ел Калифи сакал да употреби експлозив во напад на зградата на Конгресот, но не знаел дека властите го следеле и го онеспособиле експлозивот. Ел Калифи бил уапсен по долга и опширна операција извршена заедно со Федералното истражно биро (ФБИ), соопшти полицијата задолжена за безбедност на Конгресот.

Осомничениот наводно бил во земјата илегално и не е поврзан со Ал-Каида.

До апсењето дојде само еден откако на казна доживотен затвор беше осуден Нигериецот Умар Фаук Авдулмуталаб за обидот да активира експлозив сокриен во неговата долна облека, во авион на лет од Амстердам за САД, на католички Божиќ 2009-тата.

XS
SM
MD
LG