Линкови за пристапност

Првата дама во кампања за Клинтон во Северна Каролина


Трамп во исто време беше во Охајо

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон за првпат се појави на бината со актуелната прва дама на САД, Мишел Обама.

Обама ги собра гласачите во Винстон-Селем во Северна Каролина, со уште еден емотивен говор, кој стана нејзин заштитен знак во кампањските настапи во корист на Клинтон.

„Таа има повеќе искуство и била поизложена на претседателството од кој било друг кандидат во нашиот живот. Повеќе од Барак Обама, повеќе од Бил Клинтон. Таа е апсолутно подготвена да биде лидер, а се случи да биде и жена“, рече Обама.

Таа ги повика граѓаните да не веруваат никому кој се труди да ги направи изборите „нечисти“.

Трамп, во ова време беше во Охајо, каде води со еден процент, според некои национални анкети.

Тој рече дека верува оти ќе победи на изборите на 8-ми ноември, но предупреди дека се` уште не е се` решено.

„Раното гласање е во тек. Излезете и гласајте. Ова не смееме да го испуштиме“, рече Трамп.

XS
SM
MD
LG