Линкови за пристапност

Осомничено лице од Јемен за поддршка на Исламската држава


Мохамед Рафик Наји меѓу другото се обвинува и за поддршка на напад на Тајмс Сквеар во Њујорк

Мохамед Рафик Наји од Јемен, кој живее во Њујорк, е обвинет за обид за поддршка на Исламската држава.

Во поднесокот до федралниот суд се образложуваат обвинувањата против него, вклучувајќи и изразување поддршка за напад на Тајмс Сквеар во Њујорк, сличен на нападот на Исламската држава во Ница, Франција.

Наји е цитиран како му открива на поткажувач во неколку снимени разговори, дека милитантите на Исламската држава сакале слична операција на Тајмс Сквеар, и дека веќе таму поставиле знаци.

Обвинителите велат дека случајот против Наји опфаќа и објави на Фејсбук, во кои тој изразува поддршка на Исламската држава, како и видео на Јутјуб од портпаролот на милитантната група, кој повикува на напади на воени и цивилни цели во западните држави.

Американскиот правобранител Роберт Кејпрс забележа дека Наји е легален граѓанин на САД, роден во Јемен, каде има блиски врски, вклучувајќи и дете.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG