Линкови за пристапност

Калуѓерката која провалила во нуклеарен објект - осудена


Двајца мировни активисти и 83-годишната калуѓерка се соочуваат со казна затвор до 20 години.

Федерален судија од Тенеси ги осуди 83-годишната калуѓерка Меган Рајс и другите соучесници, Мајкл Вали и Грег Бортје-Обед за оштетување на државен имот и саботажа на Националниот безбедносен комплекс Y-12 во градот Оук Риџ минатиот јули.

Тројцата осудени минале низ безбедносните огради и на зградата и со спреј испишале пораки за мир. Во објектот се складирани стотици тони високо збогатен ураниум, материјал што би можел да се употреби за производство на атомски бомби. Обвинителите велат дека причинета е штета од илјадници долари, а објектот морал да биде затворен две недели.

Рајс, Вали и Бортје, кои во моментов се во притвор, би можеле да се соочат со казна затвор од 20 години за саботажа и 10 години за оштетување на имот.
XS
SM
MD
LG