Линкови за пристапност

Американското воздухопловство суспендираше офицери задолжени за нуклеарни проектили


Вработени во базата Малмстром во Монтана работат на одржување на проектил
Вработени во базата Малмстром во Монтана работат на одржување на проектил

34-цата наводно мамеле на тест за нивната стручна подготвеност.

Американското армиско воздухопловство суспендираше 34 офицери, задолжени за лансирање на науклеарни проектили, поради тоа што наводно мамеле на тест за нивната стручна подготвеност. Ова, наводно, било откриено за време на одделна истрага по обвинение за поседување на дрога против офицери во Воздухопловната база Малмстром во сојузната држава Монтана.

Секретарката на воздухопловните сили Дебора Ли Џејмс синоќа соопшти дека е длабоко разочарана, но подвлече дека не е загрозена безбедноста на нуклеарниот арсенал. Таа најави дека ќе биде направен повторен тест за сите офицери задолжени за арсеналот.

Веста за скандалот се појави во и онака проблематично време за американските сили задолжени за нуклеарниот арсенал, со оглед на медиумските извештаи за низок морал и чувство на здодевност меѓу членовите на персоналот.

Минатата година, пак, генерал на Воздухопловството доби отказ поради пијанство за време на нуклеарна вежба во Русија.
XS
SM
MD
LG