Линкови за пристапност

Авганистан и САД го финализираат договорот за стратешко партнерство


Авганистан и САД го финализираа иницијалниот нацрт на стратешко партнерство што ќе го дефинира односот по повлекувањето на западните борбени трупи од земјата по 2014-та.

Не се објавени детали за содржината на нацртот што сега се разгледува од американскиот и од авганистанскиот претседател, американскиот Конгрес и авганистанскиот парламент.

Во соопштение од кабинетот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи се вели дека на нацрт-договорот иницијали ставиле авганистанскиот Советник за национална безбедност Рангин Дадфар Спанта и американскиот амбасадор Рајн Крокер, за време на церемонија во Кабул.

Американски претставници велат дека претседателот Барак Обама се очекува да го потпише документот пред самитот на НАТО во Чикаго следниот месец.

Преговорите за договорот напреднаа откако САД се согласија на барањата на Авганистан за целосна контрола на затворот во Баграм кој е под управа на САД и на прекин на контроверзните ноќни акции на специјални сили против талибански бунтовници.

Претседателот Карзаи кажа дека сака писмена определба од САД за две милијарди долари годишно по повлекувањето.

Американски претставници кажаа дека може да платат најмногу четири милијарди долари годишно за финансирање на авганистанските сили. Но тие исто така рекоа дека стратешкиот пакт нема цел да детализира пакет за помош, туку треба да биде рамка за определбата на двете страни за соработка во наредните години.

XS
SM
MD
LG