Линкови за пристапност

ОМД против предлозите да се ограничи или укине гласањето во дијаспората


Укажува на придонесот за економскиот развој на Македонија и поддршката за евроинтеграциите

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) e против предлозите да се ограничи или пак да се укине правото на дијаспората да гласа на претседателските и парламентарни избори во Република Македонија.

ОМД во соопштението издадено по овој повод ги оценува предлозите како „несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување кон оние кои имаат континуиран и огромен придонес за економскиот развој на Република Македонија како и за добивање меѓународна поддршка околу пристапот на Република Македонија во Евро-Атлантските институции како НАТО и ЕУ“.

Организацијата наведува дека дијаспората директно придонесува 18-20% од бруто домашниот производ на Македонија како и дека во време кога, како што наведува, на земјата и` е потребна секоја помош, тамошните политички субјекти треба да наоѓаат начини како да ја привлечат дијаспората уште повеќе да помогне, отколку да ја отуѓуваат со одземање на правото на глас.

ОМД предлага електронско гласање како решение за намалување на трошоците на гласањето и зголемување на бројот на гласачи, како и основање на Министерство за дијаспора.

Гласањето на дијаспората, според медиумските извештаи, е меѓу темите на дневен ред на работните групи задолжени за реформа на Избориот законик, а во контекст на постигнатиот договор меѓу водачите на политичките партии за решавање на политичката криза во Македонија.

XS
SM
MD
LG