Линкови за пристапност

УНИЦЕФ: Едно на секои седум деца е изложено на загаден воздух


Извештајот на УНИЦЕФ е издаден една недела пред конференцијата на ОН за климатски промени, што ќе се одржи во Мараке, Мароко.

Едно на секој седум деца во светот е изложено на ниво на загаденост на воздухот за шест или повеќе пати од меѓународните стандарди на Светската здравствена организација, се вели во најновиот извештај на УНИЦЕФ. Извештајот е издаден една недела пред конференцијата на ОН за климатски промени, што ќе се одржи во Мараке, Мароко.

Загадувањето на воздухот е главен фактор за смртноста на околу 600.000 деца под петгодишна возраст, секоја година, изјави извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк, додавајќи дека секојдневно постои и закана за животите и иднината на милиони други.

Околу две милијарди деца живеат во области каде загаденоста на воздухот ги преминува минималните стандарди на СЗО. 620 милиони од овие деца живеат во Јужна Азија, 520 милиони во Африка, а 450 милиони во Источна Азија и Пацификот.

УНИЦЕФ вели дека децата се особено подложни на внатрешно и надворешно загадување на воздухот бидејќи нивните бели дробови, мозоци и имунолошки систем се` уште се развиваат.

УНИЦЕФ додава дека од државите-учеснички на конференцијата за климатски промени, ќе побара да преземат четири итни чекори за да се заштитат децата од загадувањето на воздухот:

- Усвојување на мерки за намалување на загадувањето;

- Поголем пристап на децата до здравствена грижа;

- Минимизирање на изложеноста на децата на загаденоста;

- Постоење на подобар мониторинг на загадувањето на воздухот.

Лејк додаде: „Ги штитиме нашите деца, тогаш кога го штитиме квалитетот на воздухот. И обете се клучни за нашата иднина“.

XS
SM
MD
LG