Линкови за пристапност

Претседателот Обама денеска се обраќа во ОН


Сирија, Иран, блискоисточниот мировен процес меѓу темите во неговото излагање

Американскиот претседател Барак Обама се очекува да дискутира за иранските повици за поголем дијалог и потребата од силен одговор на употребата од хемиско оружје во Сирија, кога ќе се обрати пред светските лидери на Генералното собрание во Њујорк.

Во неговиот говор се очекува да се осврне и на израелско-палестинскиот мировен процес.

Обама ќе се обрати до светските лидери неколку часа пред иранскиот претседател Хасан Рухани, кој во понеделникот ги повика западните лидери да го ангажираат Иран и да ги олеснат болните економски санскии против неговата земја.

Санкциите произлегоа од загриженоста дека Иран развива нуклеарно оружје како и повторителното одбивање да ги прифати барањата на ОН за суспендирање на збогатувањето на ураниум.

Иран инсистира дека нуклеарната програма е за мирољубиви цели.

Група проминентни американски сенатори го повикаа Обама да повтори во говорот дека САД нема да го прифатат Иран како нуклеарна сила и дека санкциите ќе останат и покрај помирливите тонови кои доаѓаат од Рухани.

Американски официјални лица велат дека нема закажана средба меѓу Обама и Рухани додека се во Њујорк, но не ја исклучија таа можност. Првите луѓе на САД и Иран не се сретнале од времето пред исламската револуција во 1979-та со кој беше соборен шахот, кој ја имаше поддршката од САД.

Иранската нукеларна програма подоцна неделава ќе остане во фокусот на светското внимание кога иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф ќе се сретне со петте постојани членки на ОН и Германија. Американскиот државен секретар Џон Кери ќе учествува на разговорите кои се закажани за четврток.
XS
SM
MD
LG