Линкови за пристапност

Дигиталното шпионирање станува опасна навика


Нов извештај на ОН предупредува на масовното дигитално набљудување како закана за правото на приватност.

Извештајот предупредува дека дигиталното шпионирање се зголемува и се проширува во земји низ цел свет. Таму стои дека инцидентите може да се поголеми на места каде каде што владите имаат подобра технологија. Извештајот изразува и стравување дека надзорот врз дигиталните набљудувачки програми во најголем дел на државите е неадекватeн и со тоа подложен на злоупотреба.

Високата комесарка за човекови права Нави Пилеј вели дека државите мора да покажат дека нивните набљудувачки програми се користени за легитимни причини за спроведување на законот и разузнавање. Таа вели дека сега е до владините официјални лица да докажат дека тие програми не се арбитражно или незаконско собирање на информации за луѓето.

Извештајот на ОН покренува и загриженост за набљудувачките програми базирани на расно, етничко или религиозно профилирање. Извештајот вели дека таква пракса е против меѓународното право.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG