Линкови за пристапност

Светски ден на бегалците


Агенцијата за бегалци на ОН вели дека повеќе од 51 милион луѓе со сила биле раселени минатата година, што е најголем број од Втората светска војна.

Во извештај од петок за одбележување на Светскиот ден на бегалците, агенцијата вели дека бројот ги вклучува бегалците, барателите на азил и внатрешно раселените луѓе во цел свет.

Агенцијата исто така кажа дека цифрата претставува зголемување од шест милиони бегалци од претходната година.

„Масивното зголемување“ според агенцијата било пред се` предизвикано од сирискиот конфликт, што довел до тоа 2,5 милиони луѓе да станат бегалци и оставил повеќе од шест милиони внатрешно раселени.

Во соопштение на Високиот комесар за бегалци на ОН Антонио Гутерес се вели „гледаме огромна штета од војните што не завршуваат, од неуспехот да се реши или да се спречи конфликт“.
XS
SM
MD
LG