Линкови за пристапност

Безбедност на патиштата и штедење пари


Ambulances are parked outside the accident and emergency entrance at Mount Elizabeth Hospital in Singapore, Dec. 28, 2012.
Ambulances are parked outside the accident and emergency entrance at Mount Elizabeth Hospital in Singapore, Dec. 28, 2012.

Обединетите нации имаат програма за спасување животи кои се губат во сообраќајни несреќи што наедно штеди пари во здравството

Д-р Марџи Пиден вели дека на сообраќајните несреќи може да се гледа како на здравствено прашање:

„Тоа е голем здравствен проблем, како оној со маларијата, туберкулозата и некои други заразни болести. Убива околу 1,3 милиони луѓе секоја година и остава повредени и онеспособени меѓу 20 и 50 милиони луѓе.

Пиден е координатор за Превенција на ненамерни повреди во Светската здравствена организација.

„Ова го поистоветувам со болест зашто на тоа не се гледа често на овој начин. Во многу земји се третира како само како проблем во сообраќајот. Иако некои од прашањата во врска со превенцијата може да се поврзани со подобрувања на патиштата, многу од пациентите очигледно завршуваат во болници и конзумираат огромни количини на ресурси“.

Од неа беше побарано да ја ревидира студијата, која се појави во Билтенот на СЗО.

Студијата ги опишува безбедносните мерки преземени меѓу 2000 и 2010 во Каталонија, Шпанија, далечниот североисточен регион што се граничи со Франција. Здравствениот економист Д-р Ана Гарсија–Алтес е водечки автор. Таа работи за Каталанската агенција за информации од здравството во Барселона.

„Ние сме многу свесни дека за последните десет години, од 2000 до 2010, имаше важно намалување на бројот на сообраќајни несреќи и загинати во нив. За ова да го направиме разбирливо за секого, решивме да го преведеме во економски категории“, вели таа.

Безбедносните мерки на кои се инсистирало вклучуваат употреба на појаси за седиштата, ограничувања на брзината, закони за возење под дејство на алкохол и систем на казнени поени за повторително кршење на законот што може да резултира во одземање на возачката дозвола.

Таа вели дека државите не водат доволно прецизна статистика за да може со сигурност да се каже кои патишта и региони во светот се најопасни. Но и од она што се има како информација не е тешко да се заклучи дека Северна Африка, суб-Сахарска Африка и Медитеранот се меѓу најлошите.

Пиден вели дека е потребно ново гледање на безбедноста на патиштата.

Една од работите што треба да се сменат, вели таа, е да не се бројат само жртвите од несреќа кои биле во возилото, туку и оние надвор, како пешаци, велосипедисти и моторциклисти.

Понатаму, претставничката на СЗО вели дека треба да се престане со употреба на зборот „несреќа“ во кампањите за безбедност во сообраќајот, зашто, според неа, тоа имплицира „судбина“ или „божја работа“, нешто што не можело да се спречи.

Во моментов, ние сме во раните години на Деценијата на акција за безбедност на патиштата, назначена од ОН. Пиден вели дека целта е да се редуцираат за половина несреќите на патиштата. Во моментов тоа е деветта причина за смртност во светот. До крајот на деценијата се смета дека ќе стигне на петто место.
XS
SM
MD
LG