Линкови за пристапност

Светски ден на населението


ОН фокусот на овогодишното одбележување го ставаат на репродуктивното здравје

Универзален пристап до грижа за репродуктивното здравје е фокус на годинешниот Светски ден на популацијата, што се одбележува во среда.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун вели дека инвестирањето во објекти за репродуктивно здравје „е круцијална инвестиција“ во здрави општества и „поодржлива иднина“. Забележувајќи дека светското население за три пати се зголемило од основањето на ОН, тој проценува дека околу 222 милиони жени во државите во развој немаат пристап до ефективно семејно планирање.

Д-р Дамика Перера, советник во Комисијата за меѓународно спасување за програми на глобално репродуктивно здравје за Гласот на Америка кажа дека давањето пристап на жените до модерните контрацептивни методи е клуч за намалување на смртноста на мајки и новороденчиња, особено во области на конфликти.

Оваа комисија вели дека жените во кризни зони се со поголема веројатност да умрат на пораѓање отколку оние во сиромашни, но стабилни држави, бидејќи клиниките за здравствена грижа често се уништени или напуштени или приодот до нив е блокиран од насилство.

Инвестирањето во објекти за репродуктивно здравје „е круцијална инвестиција“ во здрави општества

Перера вели дека иако многу жени во конфликтни области имаат грижи за секојдневен опстанок, исто така е факт дека согласување на број на деца што би ги имале може да помогне да се избегне глад и сиромаштија.

„Затоа се обидуваме на двојките да им дадеме знаење за контрацептивни методи што самите можат да ги изберат за да ја контролираат големината на семејството што долгорочно може да помогне да се олеснат грижите за прехрана и образование на децата, како и обезбедување на здравствена заштита за децата.“

Тој вели дека има докази за намалена стапка на смртност за 10 до 15 проценти доколку бременостите се разделени две години.

Перера вели дека комисијата секогаш притоа внимава на културните аспекти на регионите во кои оперира.

Според ОН, Светскиот ден на популацијата се одбележува годишно од 1989. Притоа фокусот е на важноста на популациони прашања во контекст на развојни планови и програми, како и на потребата да се најдат решенија.
XS
SM
MD
LG