Линкови за пристапност

Бан Ки Мун од балканските лидери бара поголем ангажман за меѓусебно разбирање

  • Борјан Јовановски

Генералниот секретар на ОН попладнево во Македонија, каде ќе престојува заедно со посредникот Метју Нимиц.

Во рамки на балканската турнеја, вечерва од Приштина во Охрид ќе допатува генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Него во Македонија ќе го придружува посредникот во спорот околу името, Метју Нимиц. Како што најави Ки-мун во Приштина, неговата главна порака до сите лидери во регионот е да вложат поголеми напори за меѓусебно разбирање и надминување на споровите.

„Фактот што во придружба на господинот Бан Ки Мун ќе допатува и неговиот специјален претставник за спорот за името, Метју Нимиц, го гледаме како потврда на важноста што генералниот секретар на ОН ја придава кон што побрзо разрешување на ова прашање и изнаоѓање начин за интензивирање на процесот. На генералниот секретар и посредникот Нимиц ќе им биде повторен нашиот конструктивен приод и решителност за што побрзо изнаоѓање на заеднички прифатливо решение во врска со спорот со името", соопштија од Министерството за надворешни работи.

Нимиц, кој веќе пристигна во Македонија, попладнево имаше средба со премиерот Никола Груевски. Од Владата ја потврдија информацијата за средбата на премиерот со посредникот, но не откриваат детали за содржината на разговорот. Од Скопје, Нимиц вечерва замина за Охрид каде што ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во Охрид ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во Охрид ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов.


Генералниот секретар на ОН во Охрид ќе се сретне со шефот на македонската држава, а утре попладне во Скопје и со премиерот. Ки-мун има средба и со претседателот на Собранието Трајко Вељановски по што ќе се обрати до пратениците.

Да биде примен од Ки-мун побара Светскиот македонски конгрес (СМК), кој денеска упати отворено писмо до него и ОН. СМК на државните раководства на Македонија и Грција во писмото им предлага да потпишат Декларација за македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедтво. За надминување на спорот со името, го предлагаат ирскиот модел на поделена сувереност.

Утре, за време на обраќањето на Ки-мун во Собранието, СМК ќе органзира мирен протест под мотото - Стоп за преговорите со името и прекин на грчкиот геноцид врз Македонците.
XS
SM
MD
LG