Линкови за пристапност

Гутереш предложен за генерален секретар на ОН


Португалскиот политичар и дипломат Антонио Гутереш беше изгласан со големо мнозинство од 15-те членки на Советот за безбедност

Во Советот за безбедност усвоија согласност за кандидат кој ќе раководи со светската организација.

Антонио Гутереш беше премиер на Португалија од 1992 до 2002 –та година. Претходно тој раководеше со Агенцијата за бегалци на ОН, во периодот од 2005 до 2015-та година.

Во интервју за Гласот на Америка за време на кампањата кажа тој дека тој се натпреварува за највисоката позиција на ОН затоа што сака да „создаде услови за решенија“ на глобалните предизвици.

По денешното гласање, Советот за безбедност ќе издаде препорака до 193 земји членки на Генералното собрание кое се очекува да ја потврди номинацијата на Гутереш.

Тој ќе го замени Бан Ки Мун на 1-ви јануари, 2017-та година.

XS
SM
MD
LG