Линкови за пристапност

САД ќе префрлат нови затвореници од Гвантанамо


Претседателот Обама се обидува да го затвори притворниот центар, но Конгресот ги блокираше неговите напори.

Американски воени претставници го информираа Конгресот дека планираат да релоцираат десетина затвореници од објектот на терористичкиот притвор во заливот Гвантанамо, Куба.

Официјалните претставници кои зборуваа со новински агенции под услов на анонимност, велат дека барем две земји се согласиле да прифатат затвореници. Еден од затвореницте кој ќе биде дислоциран е Тарик Ба Ода, 37-годишен јеменски државјанин, кој присилно е хранет откако започна да штрајкува со глад во 2007-ма година. Тој во моментов тежи само 33 килограми, што е загуба од половина од неговата претходна тежина.

Ба Ода е еден од 91 затвореници кои се се` уште затворени во Гвантанамо, притворен центар кој беше отворен во времето на поранешниот претседател Џорџ Буш за осомничените терористи фатени во САД во војната против терористите во Авганистан. Околу 37 од затворениците имаат одобрение за релоцирање во трета земја, вклучувајќи го и Ба Ода.

Првиот трансфер може да се случи во текот на следните неколку дена, а останатите во текот на следните недели.

Претседателот Барак Обама веднаш по доаѓањето на функција вети дека ќе го затвори објектот во Гвантанамо, но неговите напори наидуваа на отпор од страна на Конгресот.

Претседателот достави план до Конгресот за затворање на објектот кое вклучува пренесување на неколку затвореници во високо обезбедените федерални затвори во САД, но Конгресот забрани таков трансфер.

XS
SM
MD
LG