Линкови за пристапност

Обама побара крај на „ракот на насилниот екстремизам“


Обама: САД никогаш нема да се откажат од одбраната на своите интереси или пак од „ветувањето“ на Декларацијата за човекови права на ОН дека мирот е присуство на подобар живот, а не само отсуство на војна
Обама: САД никогаш нема да се откажат од одбраната на своите интереси или пак од „ветувањето“ на Декларацијата за човекови права на ОН дека мирот е присуство на подобар живот, а не само отсуство на војна

Во обраќањето на Генералното собрание на ОН ги повика светските водачи да му се приклучат во борбата против Исламската држава

Американскиот претседател Барак Обама ги повика светските лидери да му се приклучат во напорите за „растурање и уништување“ на Исламската држава (ИД).

Во денешното обраќање на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Обама кажа дека ИД тероризирала недолжни луѓе во Ирак и Сирија со обезглавувања, убиства на деца, фрлање на тела во масовни гробници и изгладнување на верските малцинства. Американскиот претседател го повика светот, а особено муслиманските заедници енергично да ја отфрлат идеологијата на ИД и на Ал-Каида. Тој рече дека мора да се стави крај на „ракот на насилниот екстремизам“.

Обама ја осуди и, како што кажа, “руската агресија“ во кризата со Украина, додавајќи дека Русија го “предизвикува повоениот поредок“. Првиот човек на САД се заложи и за поширок светски напор за сузбивање на епидемијата на ебола што однесе илјадници животи во Западна Африка.

Преходно, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го отвори Собранието порачувајќи дека екстремистичките групи се јасна закана за човековите права и меѓународната заедница.

Обама подвлече дека САД никогаш нема да се откажат од одбраната на своите интереси или пак од „ветувањето“ на Декларацијата за човекови права на ОН дека мирот е присуство на подобар живот, а не само отсуство на војна. Тој најави дека Америкаците ќе продолжат да работат за да се справат со своите проблеми, да се борат за своите идеали и самите да се крикикуват кога ќе потфрлат. Тој додаде дека САД гледаат на своите разлики „преку отворениот простор на демократијата, со почитување на правната држава и како место за луѓе од сите раси и религии“.

На годишниот собир во седиштето на ОН во Њујорк учествуваат државници од преку 140 земји.

XS
SM
MD
LG