Линкови за пристапност

ОН: Европа се соочува со „самопредизвикана хуманитарна криза“


Причина: владите наметнуваат гранични ресктрикции за мигрантите

Обединетите нации во вторникот предупредија дека Европа е блиску до „самопредизвикана хуманитарна криза“ бидејќи владите наметнуваат гранични рестрикции и не успеваат да работат заедно додека мигрантите продолжуваат да доаѓаат на континентот.

Адриан Едвардс, портпарол на агенцијата за бегалци на Обединетите нации, соопшти дека повеќе од 130.000 луѓе го имаат преминато Медитеранот оваа година, повеќето од нив пристигнале во Грција. За два месеца оваа година бројот на бегалци е скоро ист како бројот на бегалци кои пристигнале за шест месеца, минатата година.

24.000 бегалци и мигранти имаат потреба од сместување во Грција и околу 8.500 од нив се распоредени во близина на границата со Македонија.

Македонската полиција испука солзавец за време на последните немири помеѓу луѓето кои се обидуваат да влезат во Европа и се обидуваат да ја поминат границата од Грција во понеделникот, а владата се обидува да го контролита протокот на луѓе во нивната територија за да ги одврати назад бегалците.

УНХЦР ги предупреди Грција и балканските земји да реагираат побрзо со цел да се спречи катастрофа.

XS
SM
MD
LG