Линкови за пристапност

ОН: Иран развива нуклеарно оружје


ОН: Иран развива нуклеарно оружје
ОН: Иран развива нуклеарно оружје

Меѓународната агенција за атомска енергија вели дека има „кредибилна“ информација оти Иран се ангажирал во активности насочени кон развивање на нуклеарно оружје.

Во извештај објавен во Виена во четврток, агенцијата ан ОН „индицира“ дека Иран работи „дизајн“ за нуклеарно оружје, вклучувајќи и „тестирање на компоненти“.

Извештајот вели дека Иран изгледа извел нуклеарни активности поврзани со нуклеарно оружје како дел од „структурна“ програма пред 2003. Документот вели дека Иран може се` уште да биде ангажиран во релевантно истражување.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го отфрли извештајот пред да биде објавен. Тој кажа дека агенцијата само објавува извештај што им го дале САД.

XS
SM
MD
LG