Линкови за пристапност

Нови жртви во источна Украина


Ова е се` што останало од домот на оваа жена во украинскиот град Хорливка по судирот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти
Ова е се` што останало од домот на оваа жена во украинскиот град Хорливка по судирот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти

Во исто време кога водачите на Украина, Русија, Франција и Германија се собираат во Минск да разговараат за мировниот план

Во источна Украина продолжуваат крвавите престрелки, во време кога водачите на Украина, Русија, Франција и Германија се собираат во главниот град на Белорусија, Минск, на средба за судирот којшто однесе 5.300 животи од минатиот април - наваму.

Најмалку две лица загинале во градот Донецк којшто е под контрола на бунтовниците, кога проектил погодил автобуска станица, според претставници на бунтовниците и болнички персонал. Според украински армиски претставници, во бунтовнички напади во близина на Дебалцеве загинале најмалку 19 лица, а биле повредени 78.

Непосредно пред средбата во Минск, украинскиот претседател Петро Порошенко најави дека неговата земја и ЕУ ќе говорат во еден глас. Претходно, тој го опиша собирот на четирите нации како една од последните шанси да биде ставен крај на борбите меѓу владините сили и проруските сепаратисти. Порошенко денес изјави дека не би се двоумел да прогласи воена состојба во целата земја доколку конфликтот ексалира.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор го повикал рускиот претседател Владимир Путин да го поддржи мировниот договор за Украина. Соопштението од Белата куќа наведува дека Обама ја подвлекол загриженоста за се` поголемиот број на жртви и важноста Путин да ја искористи можноста да го поддржи мировниот предлог на денешната средба со колегите од Франција, Германија и Укрина.

Украина и голем број на западни земји ја товарат Русија дека го поддржува речиси едногодишното бунтовништво во источна Украина со борци, стратешко планирање и армиска опрема. Русија, пак, порекнува директна вмешаност и тврди дека руските борци коишто се борат заедно со сепаратистите се доброволци.

XS
SM
MD
LG